По секој пораз на Манчестер Јунајтед, веднаш се отвора темата за можна смена на менаџерот Рубен Аморим. Веќе се пишуваше за причините за потенцијалниот отказ на Португалецот, а англиските медиуми објавија и листа на можни наследници.
Според информациите, во игра се тројца менаџери, Андони Ираола, Оливер Гласнер и Герет Саутгејт.
Англиските извори велат дека Џим Ретклиф во последните денови бил во директен контакт со Саутгејт, кој е единствениот од листата што во моментов не е ангажиран.
Саутгејт веќе неколку пати беше поврзуван со клупата на Манчестер Јунајтед, дури и кога заминуваше Ерик тен Хаг, но тогаш Аморим беше прва опција. Сега изгледа дека португалскиот стратег нема лесно да го задржи местото, а потребно е ново решение.
Ираола и Гласнер моментално се во силни позиции во своите клубови, нема причина да заминат, ниту пак Борнмут и Кристал Палас ќе ги пуштат по одличниот старт на сезоната.
Тимот на Оливер Гласнер е единствен непоразен од почетокот на новата сезона, а ако се земат предвид и резултатите од минатата сезона, Кристал Палас има серија од дури 18 натпревари без пораз. На сето тоа треба да се додаде и фактот дека Гласнер успеа да ја одржи формата и по заминувањето на неговите две најголеми ѕвезди, Мајкл Олисе во Баерн Минхен минатото лето и Еберечи Езе во Арсенал ова лето.
Ираола исто така постигнува импресивни резултати во Борнмут, иако ова лето го загуби целиот одбранбен ред, Дин Хаусен, Илија Забарњи и Милош Керкез заминаа во Реал Мадрид, ПСЖ и Ливерпул.
Борнмут заработи 200.000.000 евра, но доведе квалитетни замени и продолжи таму каде што застана минатата сезона.
Саутгејт, пак, е познат по работата како селектор, стигна до две финалиња на Европското првенство, но ги загуби и двете. Откако ја напушти репрезентацијата, чека вистинска понуда за да се врати на клупско ниво.