Top Sport

Саркастичен пост за Јунајтед, па катастрофа во Турција – вечерта на Онана што стана хит на мрежите

Манчестер Јунајтед доживеа уште еден тежок удар на социјалните мрежи, и тоа од човек кој минатата сезона важеше за голем проблем на „Олд Трафорд“ – Андре Онана.

Камерунскиот голман, кој летово си замина од клубот, по поразот на Црвените ѓаволи од Брентфорд (3:1) саркастично објави на Инстаграм:

„И јас бев проблемот, нели?“ – придружено со емотикони за смеа.

 

Само неколку часа подоцна Онана беше повторно на терен, но никако не се прослави. Неговиот Трабзонспор славеше против Караѓумрук со 4-3, но токму Камерунецот беше виновник за два лесни гола во самиот финиш на мечот.

Во надополнувањето на времето прими два брзи гола за само две минути, со што ја врати драмата иако неговиот тим на крај сепак стигна до победата.

 

Од доаѓањето во Турција, Онана има одиграно три меча и сè уште нема сочувана мрежа. Досега прими пет гола во Суперлигата, а првата вистинска шанса за „чиста мрежа“ ќе ја има наредниот викенд, кога Трабзонспор ќе го пречека неефикасниот Кајсериспор.

И покрај неговите грешки, клубот од Трабзон има одличен старт на сезоната – по седум кола е второпласиран со 14 бодови.

Scroll to Top