Милан славеше во дербито на „Сан Сиро“ против Наполи со 2-1, нанесувајќи му го првиот пораз оваа сезона во Серија А на актуелниот шампион. Елиф Елмас влезе во игра за последните 30 минути за тимот на Антонио Конте, но Наполи не успеа да израмни.
Милан започна силно и поведе уште во третата минута со голот на Салемакерс, а предноста ја удвои Кристијан Пулишиќ во 31. минута.
Домаќинот остана со играч помалку од 57. минута поради исклучувањето на Еступињан, што беше шансата за Наполи да се врати во натпреварот.
Кевин де Брујне намали од пенал во 60. минута, а Наполи вршеше притисок до самиот крај, но не успеа да стигне до израмнување.