Актуелниот тренер на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим ќе остане на таа позиција дури и по шокантниот пораз на неговиот тим од Бретфорд во последното коло од Премиер лигата.
По тој неуспех, се шпекулираше за наводно отпуштање, но како што објавија островските медиуми, челниците на клубот од „Олд Трафорд“, предводени од од еден од сосптвениците Џим Ратклиф, го поддржаа португалскиот стручњак и покрај навистина лошите резултати.
Очигледно, Јунајтед сака да го поддржува Аморим до крајот на сезоната, а потоа ќе повлече линија и ќе ја оцени неговата работа, која во сегашната состојба не може да се нарече успешна.
Уште повеќе, единствената светла точка на клубот под негово водство беше пласманот во финалето на Лигата на Европа минатата сезона, во кое „ѓаволите“ беа поразени од Тотенхем, што значи дека за прв пат од 2014 година, не се квалификуваа за европско натпреварување.
Манчестер јунајтед моментално се наоѓа на 14-та позиција на табелата во Премиер лигата со само седум освоени бода од шест натпревари, а неодамна доживеа вистински неуспех кога беше поразен од членот на четвртата лига, Гримсби во Лига купот.