Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар денес ја освои титулата светски шампион на првенството во Кигали, Руанда.
На првото првенство одржано во Африка, Словенецот ја освои својата втора последователна титула светски шампион.
Погачар ја помина делницата од 267 километри за шест часа, 21 минута и 20 секунди.
Погачар возеше сам последните 66 километри и на крајот победи со предност од една минута и 28 секунди пред Белгиецот Ремко Евенепул.
Ирецот Бен Хили го освои третото место.