Top Sport

Микелето МВП на одбојкарскиот Мундијал

Пред доделувањето на медалите на Светското првенство во Манила, публиката ги поздрави членовите на идеалниот состав.

Најдобрите примачи на сервис се Алесандро Микелето (Италија) и Александар Николов (Бугарија) – двајца играчи кои долго време ќе водат големи битки и на клупско и на репрезентативно ниво.

Коректор кој дефинитивно најмногу се издвои е Јури Романо (Италија). Со него во дијагоналата е како и обично репрезентативниот колега, Симоне Џанели.

Средните блокери во идеалниот состав на првенството се Полјакот Јакуб Кохановски и Бугаринот Алекс Грозданов. Најдобар либеро е Италијанецот Баласо.

МВП е Алесандро Микелето.

Да ве потсетиме дека Италија ја одбрани титулата светски шампион во одбојка, Бугарија го освои сребрениот медал, а Полска заврши на третото место.

Scroll to Top