Top Sport

Јокиќ сака кариерата да ја заврши во Денвер

Никола Јокиќ, кошаркар на Денвер Нагетс, уште еднаш ја повтори својата желба да ја помине целата своја НБА кариера во франшизата од Колорадо.

Српскиот центар и трикратен МВП се обрати на прес-конференцијата на денот посветен на медиумите пред почетокот на новата сезона.

Темата беше и продолжувањето на неговиот договор, што тој одби да го направи пред да оди на Европското првенство.

„Не размислувам за тоа. Тоа доаѓа природно. Мојот план е да бидам со Нагетс засекогаш“, ветува Јокиќ.

Претстојната сезона ќе биде 11-та на Јокиќ во најсилната лига во светот.

„Помина брзо. Кога ќе размислите за тоа, ова е мојата 11-та сезона. Кога дојдов, ги гледав другите како забиваат и играат премногу брзо за мене. Најдов начин да останам во лигата толку долго. Уште колку му останува?

Ќе видиме. Се надевам дека сум на исто ниво. Не сум играл натпревар во НБА четири месеци. Ќе видиме за 24 дена. Моето тело сè уште се чувствува добро“, рече Јокиќ.

Тој не сакаше да коментира за новиот формат на Ол-стар натпреварувањето.

„Немам мислење за тоа. Ќе видиме кога ќе дојде. Се надевам дека на луѓето ќе им се допадне.“

Scroll to Top