Top Sport

Дубаи и Хапоел ги декласираа Партизан, односно Барселона

Со убедливи победи на дебитантите Дубаи и Хапоел започна новата сезона во Евролигата. Дубаи го победи Партизан со 89:76, а Хапоел славеше во дуелот со Барселона 103:87.

Поранешниот кошаркар на Партизан, Дејвис Бертанс, го предводеше Дубаи до историската прва победа во Евролигата. Летонецот го заврши натпреварот со 20 поени (11 во првата четвртина) , 3 скока и 4 асистенции.

Џанан Муса заврши со 19 поени, 4 скока и 5 асистенции, Мфионду Кабенгеле имаше 15 поени и 5 скока, Филип Петрушев имаше 14 поени и 8 скока.

Во тимот на Партизан, Тајрик Џонс беше најистакнат стрелец со 13 поени и 6 скока, а имаше и по 2 асистенции, блокади и украдени топки, како и 3 изгубени топки и 4 лични грешки.

Друштво му правеше Дилан Осетковски со 12 поени и 2 скока (имаше 10 на полувреме), додека Џабари Паркер постигна 11 поени со 4 скока и 2 асистенции, а Шејк Милтон исто така постигна двоцифрен број поени со 10 поени, 3 скока и 2 асистенции.

Во второто коло Партизан ќе го пречека Милано, а Дубаи ќе гостува кај Монако.

Хапоел домашните натпревари ги игра во Софија. Актуелниот шампион во Еврокупот ја победи Барселона со 16 поени разлика.

Василије Мициќ постигна 18 поени со три скока и две асистенции во својот прв натпревар во Евролигата во дресот на Хапоел.

Антонио Блекни беше најефикасниот играч за победничкиот тим со 20 поени, додека Ден Отуру и Василије Мициќ постигнаа по 18 поени.

Кај Барселона, Вил Клајбурн забележа 23 поени и седум скока, додека Кевин Пантер додаде 13 поени, ист број како и Јан Весели.

Во нареднотоколо Хапоел ќе гостува кај Ефес, додека Барселона ќе гостува кај Панатинаикос.

Scroll to Top