Ливерпул со пораз се врати од Истанбул. В второто коло во Лигата на шампионите „црвените“ загубија од Галатасарај со 1:0. Голот за победа го постигна Виктор Осимен во 16-та минута од пенал.
Ливерпул, во Истанбул не само што доживеа пораз, туку остана и без првиот голман Алисон Бекер.
Бразилскиот голман го напушти натпреварот во 56-та минута. Менаџерот на тимот, Арне Слот потврди дека повредата е од посериозна природа и дека сигурно нема да игра против Челзи.
„Никогаш не е добро кога играч ќе излезе вака и можете да бидете сигурни дека нема да игра во сабота против Челзи“, рече Слот.
Сепак, Ливерпул има соодветна замена. Грузискиот репрезентативец Георги Мамардашвили, кој беше донесен од Валенсија минатото лето за 30 милиони евра, ќе биде на голот.
Она што можеби уште повеќе го загрижува Слот е тоа што Уго Екетике е знак прашалник.
– На почетокот не помислив дека е повреден, но Уго почувствува нешто. Рече дека не може да продолжи понатаму, па мораше да го извадиме. Ќе видиме како ќе помине викендот“, заклучи Слот.
Фото/ Принтскрин