Атлетико Мадрид, во интервал од три дена „пукна“ уште една петарда во мрежата на противникот. Откако, во саботата со 5:2 го победија Реал во градското дерби, одиграно во седмото коло во Ла Лига, со пет гола во мрежата „Метрополитано“ стадинот го напуштија и фудбалерите на Ајнтрахт Франкфурт.
Атлетико, во второто коло во Лигата на шампионите, го победи Ајнтрахт со 5:1. Натпреварот никогаш нема да го заборави Антоан Гризман.
Францускиот ас, во финишот на првото полувреме, асистенцијата на Хулијан Алварез ја претвори во гол за 3:0. Овој гол беше негов 200-ти во кариерата во дресот на Атлетико.
Веднаш по голот следеше посебна прослава. Гризман го крена својот дрес со бројот 200, а целиот стадион стана на нозе за да му оддаде почит на својот херој. Тоа беше сцена што ја потврди нераскинливата врска помеѓу францускиот ас и навивачите, момент за вечноста што симболизира години лојалност, жртва и доследност.
Atletico Madrid [3] – 0 Frankfurt – Antoine Griezmann 45+1'
byu/OptimusCloyster insoccer
Антоан Гризман во Атлетико пристигна пред почетокот на сезоната 2014/2015 година од Реал Сосиедад за сума од 30 милиони евра. Од клубот замина во 2019 година кога се пресели во Барселона, но по само две сезони реши да се врати во Мадрид. Минатото лето го продолжи договорот за уште една сезона.
Foto/ EPA