Италијанскиот тенисер Јаник Синер ја освои титулата на турнирот од серијата АТП 500 во Пекинг. Во финалето го победи Американецот Лернер Тиен во два сета со 6:2, 6:2.
Кога не игра финале против Карлос Алкараз, за Јаник Синер нема проблем. За само 74 минути, Италијанецот ја освои својата трета титула оваа година, вкупно 21-ва неговата кариера.
Италијанецот покажа дека сака да игра во Пекинг. Тој стигна до финалето трета година по ред и ја освои својата втора титула во кинеската престолнина. Лани, во финалето загуби од Алкараз.
Младиот 19-годишен Тиен, за кого ова беше прво АТП финале, немаше шанси против Италијанецот. Во првиот гем доживеа брејк и тој сет заврши за 35 минути. Вториот сет траеше четири минути подолго, а Тиен се држеше до петтиот гем. Во него, Синер направи брејк за 3:2, а потоа нанижа уште четири гема за новата титула.
Foto/ EPA