Џејми Карагер, поранешен капитен на Ливерпул, жестокот го нападна својот поранешен тим по поразот од Галатасарај во Лигата на шампионите. „Црвените“ загубија во Истанбул со голот на Виктор Осимен од пенал. Ова е втор пораз за Ливерпул во само неколку дена, откако во саботата беа поразени од Кристал Палас (2:1) во Премиер лигата.
Џејми Карагер, за Си-би-ес рече дека овој Ливерпул не може да се спроедува со Ливерпул од минатата сезона.
„Она што го гледам не е врвен тим. Ливерпул не игра фудбал во моментов. Ливерпул игра кошарка. Тие само трчаат од едниот до другиот крај на теренот, врвните тимови не играат така“.
Клубот пред почетокот на новата сезона вложи речиси 500 милиони евра во нови играчи, но барем засега тоа не се чувствува на теренот.
„Минатата сезона сè помина лесно, сега навистина Арне Слот мора да си ја заработи платата. Беше неверојатен минатата година, ја освои Премиер лигата, но има некои проблеми што мора да ги реши и ќе видиме како ќе го направи тоа. Бидејќи потрошија многу пари. Против Њукасл, имате играч повеќе, а Њукасл те растура во второто полувреме. Тоа не смее да се случува. Кристал Палас создаде седум големи шанси во саботата. Ниеден голем клуб од Премиер лигата не им дозволил толку многу оваа сезона на противниците. А Ливерпул е шампион. Можеше да се претпостави дека ќе биде вака, ова не е шок. И тренерот мора да го поправи ова.“
Карагер нема дилема дека Слот треба да смени нешто во стратната постава и знае кој треба да биде испратен на клупата.
„Во моментов нема рамнотежа во тимот и сосема е јасно дека отскокнува Флоријан Вирц. Тој воопшто не е во трката. Тој е млад човек кој штотуку пристигна во нова лига, има доволно време да успее како играч на Ливерпул, но мислам дека сега мора да испадне од почетните 11. Ливерпул мора да се врати на она што беше минатата сезона, од одбранбена цврстина да гради самодоверба. Бидејќи ова сега е целосен хаос. Нема врска овој пораз. Вакво нешто се „црташе“ од првиот ден“, заклучува Карагер.
Навивачите предлагаа Ливерпул да потроши уште повеќе, да купи стопер, Карагер сепак смета дека тоа не е најголемиот проблем.
„Нов стопер нема да го реши ова. Стоперот ќе го заземе само местото на Конате. Проблемот е да се изгради тим со двајца офанзивни крилни бекови и десетка на која е поважно да знае кога треба да застане на топката, отколку да се брани од неа, како што правеше Доминик Собослај минатата сезона. Ако продолжи вака, Ливерпул нема да ја одбрани шампионската титула.“
Foto/ EPA