Бернардо Силва, еден од клучните играчи на Манчестер Сити, отворено проговори за својот договор, кој истекува во јуни. Иако иднината на португалскиот играч од средниот ред е тема на бројни шпекулации, тој вели дека не е време за јавни соопштенија.
„Знам точно што ќе правам, но сега не е време да зборувам за тоа“, изјави Бернардо, јасно ставајќи до знаење дека одлуката ќе ја зачува кога ќедојде вистинскиот момент.
Во моментов, фокусот на 28-годишникот е на она што е најважно, враќањето на Сити на врвот.
„Сега е време да се концентрирам на Манчестер Сити и да дадам се од себе за да го вратам клубот таму каде што припаѓа“, рече Силва.
Силва е еден од најважните играчи во тимот на Пеп Гвардиола во изминатите сезони, честопати решавајќи клучни натпревари со својот квалитет и енергија. Сепак, интересот за неговите услуги не се намалува, а медиумите шпекулираат за можни понуди од шпанската Ла Лига, како и од други европски гиганти.