Top Sport

Ливременто ќе отсуствува осум недели

Десниот бек на Њукасл и Англија, Тино Ливраменто, ќе отсуствува од терените помеѓу шест и осум недели поради повреда на коленото.

Ливраменто се повреди на натпреварот од Премиер лигата со Арсенал, кој неговиот тим го загуби со 2:1.

Најголемиот квалитет на Ливременто е неговата способност да игра подеднакво успешно на левата и десната бековска позиција, дури и во средниот ред.

Ова го прави еден од најперспективните англиски фудбалери во моментов. Ливраменто има 23 години, по татко е од Португалија, а по мајка е од Шкотска.

Валентино Франциско Ливраменто, како што гласи неговото целосно име, помина низ сите помлади категории на англиската репрезентација, а минатата година дебитираше за репрезентацијата.

Scroll to Top