Top Sport

Стоперот на Барнли е втор најдобар стрелец на Сити оваа сезона во Премиер лигата

Манчестер сити не ја започна сезоната онака како што посакуваа во клубот. Доживеаја два порази во Премиер лигата и на табелата имаат пет поени помалку од лидерот Ливерпл.

Она што може да го радува Пеп Гвардиола се офанзивните перформанси на неговиот тим. По шест кола се најдобри во англиското првенство, но ако целосно се погледне статистиката забележлива е една бизарност.

Имено, втор најдобар стрелец на „Граѓаните“ е стоперот на Барнли. Максим Естеве. Минатиот викенд во убедливиот триумф на Манчестер сити (5:1), Естеве постигна два авто-гола.

Со тоа, тој ги престигна четворицата играчи на Пеп Гвардиола кои постигнаа само еден гол оваа сезона.

На прво место, секако е Ерлинг Халанд. Норвежанецот не само што е најдобар во таборот на Сити, туку и ја предводи листата на Премиер лигата со осум гола.

Следниот предизвик на Сити е гостувањето кај Брентфорд на 5 октомври во 17:30 часот.

Scroll to Top