Top Sport

Мајми го потпиша Јовиќ за 62 милиони долари

Српскиот кошаркар и крилен центар на Мајами Хит, Никола Јовиќ, се согласи да ја продолжи соработката со франшизата за уште четири години.

Потпишувањето вреди дури 62,4 милиони долари, изјавија за ESPN неговите менаџери Џеф Шварц, Шон Кенеди и Џаред Муча од агенцијата „Excel Sports Management“.

Јовиќ минатата сезона постигнуваше просек од 10,7 поени по натпревар – што е неговиот најдобар настап во неговата НБА кариера досега.

Со потписот на новиот договор, Јовиќ дополнително ја зацврсти својата улога во тимот на Хит и покажува потенцијал да стане важен столб на иднината на франшизата.

Мајами, од друга страна, ја потврдува својата доверба во развојот на 21-годишниот репрезентативец на Србија, кој беше избран како 27-ми пик на НБА драфтот во 2022 година.

Scroll to Top