Црвена звезда загуби во Порто, а Динамо Загреб забележа победа над Макаби, во второто коло во Лига Европа.
На „Драгао“, Порто ја запиша деветтата победа од почетокот на сезоната. Порто ја победи Црвенз звезда со 2:1, со голот на Родриго Мора во 89-та минута.
Играчите на српскиот првак скапо ги платија грешките на „Драгао“. Учена со несмасна реакција направи пенал во шестата минута, а Гомез погоди за 1:0. Изедначи во 33-та минута најмладиот во тимот на Звезда, 17-годишниот Василије Костов.
Во вториот дел, равноправна борба на теренот, Арнаутовиќ за малку промаши во 56-та, а Бруно Дарте во 87-та минута. Две минути подоцна, голем пропуст во одбраната на црвено-белите, Пепе остана сам на десната страна, а откако влезе во шеснаесетникот го проигра Мора кој го постави конечниот резултат.
Динамо го доби и вториот натпревар од Лига Европа. Во Бачка Топола, тимот на Загреб го победи израелскиот Макаби Тел Авив со 1:3.
Дејан Љубичиќ постигна два гола за Динамо, а Матео Лисица еден гол. Саид Абу Фарчи беше стрелец за израелскиот тим. Со оваа победа, Динамо се искачи на врвот на табелата во Лигата на Европа.
Foto/ EPA