За прв пат оваа сезона, Осасуна успеа да го сврти резултатот и да победи, На домашен терен, Осасуна го совлада Хетафе со 2:1 со голот на Алехандро Катена во судиското надополнување на времето.
Гостите поведоа во првото полувреме преку Борха Мајорал, кој го искористи центаршутот на Луис Миља. Сепак, домашните успеаја да израмнат во последните моменти од првиот дел, кога Абел Бретонес со спектакуларен удар од далечина го погоди горниот агол за 1:1.
Во продолжението немаше многу шанси, Будимир не успеа да постигне гол, додека голманот на Хетафе, Давид Сорија, ги одбрани ударите на Рубен Гарсија и Раул Гарсија. Хетафе не упати ниту еден удар кон голот во второто полувреме, а казната дојде во финишот.
Во 91-та минута, ударот со глава на Катена по корнер донесе важна победа на Осасуна, со која ја прекина лошата серија и стигна до втората победа во последните 13 меѓусебни дуели со Хетафе.
Foto/ EPA