Top Sport

Бецеки со пол-позиција во Индонезија

Возачот на Априлија, Марко Бецеки, ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на Индонезија.

Бецеки го извозе кругот во рекордно време од 1:28.832 минути.

Веднаш зад него завршија Фермин Алдегер и Раул Фернандез.
Новокрунисаниот шампион Марк Маркез имаше лош настап – заврши дури на деветтото место, што му се најслаби квалификации оваа сезона.

Меѓу топ 10 се и: Алекс Ринс, Педро Акоста, Лука Марини, Алекс Маркез, Фабио Квартараро, Марк Маркез и Мигел Оливеира.

Scroll to Top