Top Sport

Ако не го победи Сандерленд, Аморим ќе лета од „Олд Трафорд“

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморм, ќе добие отказ доколку попладнево неговиот тим не забележи победа над Сандерленд.

Позицијата на Аморим во клубот не е сигурна, а дополнително се влоши по поразот од Бренфторд минатата недела. Поради тоа медиумите во Англија тврдат дека денешниот меч може да биде последен за Аморим на клупата на Јунајтед.

„Лошата игра и неуспехот против Брентфорд минатиот викенд го вклучија алармот кај клупските челници. Уште еден пораз би можел сериозно да го тестира трпението на ко-сопственикот Сер Џим Ратклиф и на Глејзерс. Отпуштањето на тренерот во првите 12 месеци од неговиот договор би го чинело Јунајтед дури 12.000.000 фунти, но сите индикации се дека овој факт нема да влијае на евентуалната одлука за негово отпуштање, со оглед на вложувањата“.

Самиот Аморим е свесен дека би можел да биде отпуштен ако нема поволен резултат против Сандерленд.

„Никој овде не е наивен. Разбирам дека ни требаат резултати за да го продолжиме проектот. Ако не ги добиеме, ќе стигнеме до точка на пресврт. Но, сето тоа не е важно. Ми треба уште еден натпревар, една победа, малку повеќе надеж… Не ми е важно, важен е само следниот натпревар. Она од што страдам се поразите, а не евентуалното губење на работата. Се плашиш дека ќе ја изгубиш работата кога треба да ги платиш сметките. Јас немам таков проблем.“

Scroll to Top