Хари Кејн блеска од почетокот на новата сезона. Два пати постигна хет-трик во Бундеслигата, а во првиѕе осум натпревари во сезоната постигна 17 голови.
Неговиот договор со Баерн важи до 2027 година, а со оглед на тоа што има 32 години, никој во Баерн и не помислува на негово заминување.
„Билд“ повикувајќи се на свои извори, тврди нешто друго.
Ал Хилал изразија желба да го доведат Хари Кејн, а во текстот се зборува за неверојатната сума што се подготвени да ја платат за него.
Според овој извор, целиот пакет за три годишниот договор на Кејн би изнесувал 300.000.000 евра.
Патем, ова не е прв пат истиот клуб да го сака Кејн, тие се обидоа да го донесат и во 2023 година, но останаа со празни раце.