Фудбалерите на Лацио и Торино одиграа спектакуларен натпревар (3:3) на „Олимпико“ во рамките на 6. коло од Серија А. Два гола беа постигнати во судиското надополнување на времето.
Прво, Саул Коко постигна гол во 90+2 за Торино и се чинеше во тој момент, обезбеди победа за „биковите“, бидејќи натпреварот беше продолжен четири минути.
Сепак, следеше трилер завршница – дефанзивецот на Торино, Марипан го собори Тијани Нослин во шеснаесетникот, веднаш до гол-аут линијата, судијата првично не покажа на „белата точка“ и предизвика гнев кај домашните.
Дури по долг преглед на ВАР, судијата па покажа на белата точка. Натпреварот беше продолжен, влезе во 13. минута од судиското продолжение.
На крајот, Данило Каталди погоди и ги постави конечниот резулта, 3:3.
Тимот на Маурицио Сари така остана со само две победи во текот на сезоната досега.
Претходно синот на тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, Џовани, постигна гол за Торино во 16-та минута. Потоа, двоен стрелец за Римјаните беше Матео Канселиери (24, 40), а на 2:2 изедначи Че Адамс со гол во 73-тата минута.
Foto/ EPA