Новиот клуб на Силвио Берлускони, Монца, официјално го именуваше поранешниот фудбалер и тренер на Милан, Кристијан Броки како главен тренер за сезоната во Серија Ц.
Броки се враќа во „тимот“ на Берлускони по отказот кој го доби Марко Цафарони, по катастрофалните пет меча без победа и на 10. место во Серија Ц, Џироне Б групата.
42-годишниот Броки имаше над 100 настапи за Милан и еден настап за италијанската репрезентација, а во тренерските води дебитираше за Примавера младинскиот тим на Милан во 2014, пред да го замени Синиша Михајлович за последните седум меча во сезоната 2015/16.
Фото: ЕПА