Реал Мадрид ја забележа седмата победа во сезоната во Примера. Во осмото коло, Реа со 3:1 го победи Виљареал.
Коненчниот резултат на „Сантијаго Бернабеу“ не го прикажува она што се случуваше на теренот. Виљареал „скапо ја продаде кожата“. Виљареал имаше свои шанси, чисти зицери.
При 0:0 во 40-та минута, Олувасеџи го претрча Хаусен, излезе сам пред Куртоа, малку се двоумеше, а Куртоа покажа класа и излезе како победник од тој дуел еден на еден.
На полувреме беше 0:0, а казната за промашениот зицер Виљареал го стигна во 47-та минута, Винисиус шутираше од левата страна, топката го закачи Санти Конесања, го смени правецот и го остави голманот на Тенас без шанси да го одбрани тој шут.
Виљареал потоа имаше одлична шанса. Пепе добро продре по десната страна, нафрли во шеснаесетникот, Микаутадзе беше во чиста позиција, но топката беше малку посилна, па не можеше да ја фати.
Резултатот остана 1:0, а потоа во 69-та минута, Марин наивно направи пенал. Винисиус ја презеде одговорноста. Шутот не беше добар, Тенас практично ја имаше топката во свои раце. Но, на крајот таа сепак заврши во голот.
Само четири минути подоцна, „Жолтата Подморница“ заслужено постигна гол. Микаутадзе го совлада Куртоа со убав шут во 73-та минута и внесе драма во натпреварот.
Винисиус повоторно беше во главна улога, изнуди втор жолт картон од Мурињо и Виљареал остана со играч помалку.
„Кралскиот клуб“ ја искористи надмоќта на теренот и во 81-та минута кога Килијан Мбапе постигна нов гол, веќе деветти во лигата, и ги постави конечните 3:1.
На овој начин, Мбапе ја продолжи својата одлична серија, постигна барем еден гол во девет последователни натпревари во сите натпреварувања, и за клубот и за репрезентацијата, а не беше стрелец само во еден натпревар оваа сезона.
Foto/ EPA