Новиот шампион во кралската класа, Марк Маркез, се здоб со повреда на рамото во инцидент за време на Големата награда на Индонезија.
Возачот на Дукати ја заврши првата трка откако ја освои титулата веќе во првиот круг, по инцидентот со осовјувачот на пол-позицијата и победникот во вчерашниот спринт, Марко Бецеки (Аперилја).
Италијанецот влезе во дуелот со возачот на Дукати премногу амбициозно и се удри во него, по што двајцата завршија на чакалот. Маркез беше однесен во медицински центар по инцидентот.
MASSIVE CRASH FOR BEZ AND @marcmarquez93 💥
Thankfully both are walking away 👀#IndonesianGP 🇮🇩 pic.twitter.com/hqM7sKqVV0
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) October 5, 2025
Прегледите во медицинскиот центар открија мала фрактура на коската на рамото, а по дополнителните прегледи ќе се утврди дали ќе му треба операција.
Дукати објави дека Маркез, вечерва ќе отпатува за Шпанија, каде што ќе бидат извршени подетални прегледи, по што ќе биде појасно каков ќе биде периодот на неговото закрепнување.
„Покрај фрактурата, се сомневаме и на оштетување на лигаментите“, рече Маркез во кратка изјава за „DAZN“.
Патем, Маркез ја обезбеди својата деветта титула минатата недела во Јапонија, но се мачеше од почетокот на тркачкиот викенд на патеката „Мандалика“. На патот до својата прва титула по шест години, возачот на Дукати помина низ многу подеми и падови, вкупно пет операции на раката и рамото, 30 пропуштени трки и 108 несреќи.
Победата на Големата награда на Индонезија ја однесе Фермин Алдегер, и тоа во доминантен стил.
Следната рунда од Мото ГП шампионатот е Големата награда на Австралија на Филип Ајленд од 17 до 19 октомври.
Foto/ EPA