Top Sport

Расел рутински победи во Сингапур, Ферстапен заврши пред возачите на Мекларен

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, победи на трката за Големата награда на Сингапур. Британецот ја забележа втората победа оваа сезона (петта во кариерата), прва по Големата награда на Канада.

Џорџ Расел, во победа го претвори брлијантниот крг в квалификации и рутински славеше на „Марина Беј“. Британецот создаде предност од 10 секунди во првите 15 кругови, а потоа не форсираше и дојде до победата.

Зад него се пласираа Макс Ферстапен и Ландо Норис.

Норис избори место на подиумот благодарение на добриот старт, кога успеа да се пробие од петтата на третата позиција. На самиот почеток имаше близок контакт со тмскиот колега Оскар Пјастри.

Пјастри на крајот заврши на четвртото место, пред Андреа Кими Антонели од Мерцедес, возачите на Ферари Шарл Леклер и Луис Хамилтон, Фернандо Алонсо од Астон Мартин, односно Оли Берман (Хас) и Карлос Саинц (Вилијамс).

Покрај Расел, во Сингапур слави и тимот на Мекларен. Папаја тимот ја одбрани титулата во конкуренција на конструкторите.

Пјастри ја задржа предноста во генералниот пласман има 22 поени повеќе од Норис и 63 од Ферстепен.

Следната трка за две недели се вози во Тексас.

Foto/ EPA

Scroll to Top