Top Sport

(Видео) Дебакл на Барселона во Севилја, Алавес го победи Елче

Во шпанската Примера повеќе нема непоразени тимови. Вечерва, Барселона и Елче доживеаја убедливи порази кај Севилја, односно Алавес.

Севилја ја декласира фаворизираната Барселона на „Рамон Санчез Пихуан“ и им го нанесе првиот пораз оваа сезона со убедлив резултат од 4:1. Севилја ја забележа првата победа на домашен терен оваа сезна и воедно ја победи Барселона прв пат по 2015 година.

Играчите на Севилја носени од публиката „летаа“ по теренот, иницијативата ја крунисаа со гол од пенал. Во 13-та минута погоди ветеранот Алексис Санчез. Дека на Барселона не и се пишува добро на „Рамон Санчез Писхуан“ навести Ромеро со голот за 2:0 во 36-та минута.

Барселона сепак успеа да се врати во мечот во седмата минута од судиското надополнување со голот на Рашфорд.

Во вториот дел Барселона ја контрлираше топката, но до 76-та минута играчите на Ханси Флик не направија ништо пред голот на одличниот Влаходимос.

Аднан Јанузај 40 секунди беше на теренот, немаше контакт со топката, но успеа да направи пенал врз Балде. Левандовски шутираше лошо, топката ја спрати крај голот. Пет минути подоцна ново влезениот Нардагчи имаше „еден на еден“ со Влаходимоз, лошо шутираше, буквално му ја додаде топката на голманот.

Севилја ја нокаутира Барселона во судиското надополнување, од две контри. Првата ја реализира Кармона во 91-та, а втората Актор во 96.минута.

На „Мендизороза“ во Виторија, Алавез го победи Елче. Натпреварот беше здодевен до 76-та минтута. Висенте погоди од пенал, а пет минути подоцна Тони Мартинез ја зголеми предноста на Алавез.

Елче намали со голот на Андре Силва (негов четврти во сезоната) во 93-та минута, но само две минути подцна Боје, поранешен играч на Елче, го постави конечниот резултат.

Foto/ EPA

Scroll to Top