Top Sport

Гвардиола: Се надевам дека повредата на Родри не е сериозна

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола се надева дека повредата на играчот од средниот ред Родри, здобиена против Брентфорд во неделата, „не е премногу сериозна“.

Родри, освојувач на Златната топка во 2024 година, ја пропушти речиси целата сезона 2024/2025, поради сериозна повреда на коленото. Овој пат, тој го повреди задниот дел од десната нога и го напушти натпреварот во 22-та минута.

Шпанскиот репрезентативец (29) подоцна се врати на клупата со преврзана нога за да им помогне на своите соиграчи.

„Се надевам дека нема да биде ништо сериозно. Не го знам степенот на повредата, но се чини дека е во задната ложа“, рече Гвардиола на прес-конференција.

Настапот на Родри за Шпанија во квалификациите за Светското првенство во 2026 година против Грузија и Бугарија сега е под знак прашалник.

Scroll to Top