Фудбалерите на Манчестер Сити едвај го победија Брентфорд во седмото коло од Премиер лигата (1:0) со голот на Ерлинг Халанд. Со оваа победа Пеп Гвардиола, постави нов тренерски рекорд во Премиер лигата.
Гвардиола стана тренер кој најбрзо во историјата на Премиер лигата стигнал до 250 победи. За 250-та победа во Премиер лигата, на Гвардиола му беа потребни 349 натпревари на клупата на „граѓаните“.
New record 🆕
No manager has reached 250 Premier League wins quicker than Pep Guardiola 🩵 pic.twitter.com/gaZaJtIFIG
— Premier League (@premierleague) October 5, 2025
Поранешниот тренер на Барселона и Баерн Минхен, го сруши рекордот на Алекс Фергусон. Легендарниот тренер на вечниот ривал на Сити, Манчестер Јунајтед, го достигна споменатиот резултат во 404-тиот натпревар, додека на поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, му беа потребни 423 натпревари за да ја забележи истата бројка.
Гвардиола со Сити освои шест титули во англискиот шампионат, една во Лигата на шампионите. Освои и девет трофеи во трите преостанати англиски фудбалски натпреварувања.