Top Sport

УЕФА им даде зелено светло на Барселона и Милан

Плановите Барселона и Милан, првенствени натпревари да одиграат во Мајами и во Австралија ќе добијат зелено светло, откако од УЕФА изјавија дека не се согласуваат со предлогот, но и дека истиот нема да го блокираат.

И покрај силното противење од навивачките групи низ Европа, согласноста од европската фудбалска организација (УЕФА) беше клучен чекор за реализација на плановите за играње на натпреварите Виљареал-Барселона на 20 декември во Мајами и Милан-Комо во февруари во Перт.

УЕФА изјави дека поради отсуство на јасни правила, ФИФА не може формално да го спречи играњето на споменатите натпревари, што многу навивачи го сметаат за закана за односот меѓу клубовите и нивните локални заедници.

„Иако е жално што овие два натпревари мора да се играат, оваа одлука е исклучок и не треба да се гледа како преседан“, рече претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

УЕФА додаде дека „активно ќе учествува во тековната работа предводена од ФИФА“, така што идните правила „ќе го зачуваат интегритетот на домашните натпреварувања и блиската врска на клубовите со нивните навивачи и заедници“.

Scroll to Top