Тони Крос, легендарниот германски играч од средниот ред и поранешен играч на Реал Мадрид, во својот подкаст „Einfach mal Luppen“ детално ја анализираше играта на Барселона под водство на тренерот Ханси Флик.
Крос ја пофали актрактивноста и ги истакна клучните слабости за кои верува дека ќе ги чинат успех во Лигата на шампионите.
Кроос верува дека играта на Барселона е една од најзабавните за гледање во Европа, но нивната „опсесија“ секогаш да играат на ист начин ги прави исклучително ранливи.
„Барса има еден од најатрактивните стилови, ако не и најатрактивниот во цела Европа, но мислам дека преземаат премногу ризици. Кога Педри, Ламин Јамал или Рафиња имаат лош ден, секој тим може да ги победи“, рече Крос.
Тој додаде дека токму тоа ги спречува да бидат конкурентни за титулата во Лигата на шампионите.
„Можат да ги елиминираат од Лигата на шампионите. Минатата година тоа веќе им се случи со Интер, а оваа година, во осминафиналето, четвртфиналето, полуфиналето или финалето, во еден момент ќе се сретнат со таков противник кој ќе ги нокаутира. Тоа ќе им се случи во Лигата на шампионите, нема да им се случи во Шпанската лига бидејќи се многу доминантни.“
Германецот особено ги нагласи проблемите што се јавуваат во последните минути од натпреварите, кога заморот ги погодува играчите, а тактичкиот пристап останува ист.
„По 75 минути, забележувате дека сите се поуморни и гледате дека не го менуваат стилот на затворање на просторот. Ако сте уморни и не го менувате стилот на играта, станува многу јасно во каков проблем сте“, заклучи Крос.
Foto/ EPA