Хрватскиот селектор и тренер на ППД Загреб, Лино Червар не го криеше разочарувањето што најмладиот хрватски репрезентативец, Халил Јагањац од македонскиот Металург замина во Нексе, а не во хрватскиот шампион.
Јагањац уште летото преговараѓе со ППД Загреб, но трансферот не се оствари поради висината на отштетата која ја бараше Металург. Сега, на собирот на хрватската репрезентација, самиот Јагањац призна дека сакал да биде во ППД Загреб.
„Не мислев дека овој трансфер ќе се оствари, да бидам искрен. Ме повика претседателот на Нексе, Јосип Ерговиќ и ми ја кажа визијата на клубот и тоа беше доволно. Тука ќе напредувам и ќе добивам минутажа, а необично е клуб од толку мало место како Нашице да се бори рамноправно со големите. За деталите за договорот не би зборувал. Да, имав желба да отидам во ППД Загреб и немам ништо против клубот, но тоа не се случи“, вели Јагањац.
Пред дуелите со Швајцарија и Белгија, Червар признава дека мисли дека Јагањац згрешил.
„Не би зборувал за него, бидејќи сега репрезентацијата е на прво место. Но, времето ќе покаже дали таа негова одлука е исправна“, изјави Червар, кој го донесе Јагањац во Металург пред две сезони и прв му даде шанса во репрезентацијата.