Top Sport

Канаваро нов селектор на Узбекистан

Фабио Канаваро е назначен за нов селектор на репрезентацијата на Узбекистан, објави Фудбалската федерација на Узбекистан.

Канаваро потпиша договор со ФС Узбекистан во Ташкент, но деталите не беа откриени. Во соопштението се наведува дека Канаваро ќе ја предводи репрезентацијата на оваа земја на претстојното Светско првенство, кое ќе се одржи во 2026 година во САД, Канада и Мексико.

Италијанскиот стручњак го замени Тимур Кападзе на функцијата селектор на Узбекистан.

Во тренерскиот штаб на Канаваро ќе бидат Еугенио Албарела, Франческо Троазе и Антонио Кименти.

Во јуни, фудбалската репрезентација на Узбекистан се квалификуваше за Светското првенство за прв пат во историјата.

Канаваро претходно ги тренираше Динамо Загреб, Удинезе, Беневенто, Гуангжу, Тјанџин, Ал Наср и кинеската репрезентација.

Scroll to Top