Top Sport

Баерн го контактирал менаџерот на Гуехи

Марк Гуехи ги договори сите услови со Ливерпул, но Кристал Палас го запре неговиот трансфер, на истекот на летниот преоден рок. Палас реши да го стопира трансферот на капитенот, бидејќи не успеа да најде соодветна замена.

Марк Гуехи влезе во последната година од договорот со Кристал Палас. Јасно е дека откако му пропадна трансферот во Ливерпул, дека тој наредното лето без обесштетување ќе замине од клубот.

Германскиот инсајдер, новинар на „Билд“, Флоријан Плетенберг денес откри дека Баерн Минхен презема конкретни чекори и дека Баварците сериозно се заинтересирани за англискиот репрезентативец.

Тој тврди дека спортскиот директор Макс Еберл е голем обожавател на англискиот стопер и дека имал почетни разговори со неговите менаџери. Сепак, многу зависи и од епилогот со Упамекано, кој е исто така во последната година од договорот со Баерн и засега има превисоки барања.

Исто така, Флоријан Плетенберг додава дека Англичанецот е внимателно следен од шпанските гиганти – Реал Мадрид и Барселона, и дека Гвеј нема ништо потпишано со Ливерпул.

„Црвените“ сè уште чекаат, веруваат дека Гуехи на крајот ќе го одржи зборот и ќе потпише за Ливерпул како слободен агент.

Scroll to Top