Фудбалскиот клуб Пелистер се раздели со тренерот Димитар Капинковски. Клубот ја објави одлуката по вчерашното реми со Шкендија (0:0), со кое беше комплетирани деветтото коло во домашниот шампионат.
„ФК Пелистер ја известува јавноста дека се раздели со шефот на стручниот штаб Димитар Капинковски. Клубот му се заблгодарува на Капинковски за ангажманот и професионалноста и му посакува успех во понатамошниот тек на кариерата“, стои во клупското соопштение.
Во првите девет натпревари Пелистер освои пет бода и се наоѓа на 10-то место на табелата.
Клубот деновиве ќе го промовира новиот шеф на стручниот штаб.
Foto/ ffm.mk