Фудбалскиот клуб Јувентус планира инвестиции за зимскиот преоден рок, а големата желба на Игор Тудор е португалскиот репрезентативец, Рафаел Гереиро.
Како што објави новинарот на „Билд“, Кристијан Фалк, Јувентус покажува сериозен интерес за 31-годишниот лев бек и ќе се обиде да го доведе во зимскиот преоден рок.
Португалецот е во последната година од договорот во Минхен и нема индикации дека Баерн ќе му понуди нов договор.
Гереиро пристигна во Баерн како слободен играч, откако му истече договорот со Борусија Дортмунд, во летото 2023 година, а до оваа сезона беше стандарден играч.
Но, оваа сезона, тој не е стандарден, одигра само четири натпревари во Бундеслигата и помина само 70 минути на теренот, па доби шанса против Пафос во Лигата на шампионите, каде што постигна гол, но во тој натпревар, Винсент Компани ги ротираше играчите.
Foto/ FC Bayern