Валентин Вашеро, 211-от тенисер во светот кој игра под знамето на Монако, се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Шангај.
Иако целосен аутсајдер, Вашеро го победи Холгер Руне во три сета, со 2:6, 7:6, 6:4.
Мечот беше решен откако поради грчевите Данецот не можеше да стои, а во последните поени беше целосно беспомошен.
Вашеро го искористи тоа и стигна до најголемиот успех во својата кариера, но секако мора да му се оддаде признание за она што го направи претходно.
Во вториот сет беше на работ на пораз, но играше феноменално во тај-брејкот и спречи елиминација, а подоцна, со грчевите на Руне, успеа да слави.
Инаку, ова беше негов шести меч во Шангај, од кои еден доби кога Махач му го предаде мечот, а во другите пет, внимавајте, победи откако го губеше првиот сет, а потоа успеваше слави по пресврт.
Во борбата за финалето во Шангај, негов ривал ќе биде победникот мечот меѓу Белгиецот Зизу Бергс и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Foto/ EPA