Top Sport

Галатасарај добил покана за НБА Европа

Техничкиот директор на Галатасарај, Дурсун Озбек, потврди дека овој клуб добил покана да игра во НБА Европа.

„Добивме покана за НБА Европа. Минатиот месец бевме во Женева на покана на ФИБА“, рече Озбек, објави „Јурохупс“.

„Тие сакаат Галатасарај да биде дел од оваа лига. Сè уште не е завршено, но добивме покана од организаторите. Ќе ја информираме јавноста за секој понатамошен чекор“, објасни Озбек. У

ште еден состанок меѓу ФИБА, Евролигата и НБА се одржа во Женева оваа недела. Изминатите неколку недели доаѓаат сè повеќе вести за новото натпреварување.

Во четвртокот, „Јурохупс“ дури објави и информации дека новото натпреварување би можело да започне веќе во 2027 година, дека ќе има 16 екипи, од кои 12 ќе имаат долгорочни договори, додека четири места ќе бидат отворени за квалификации.

НБА планира нови состаноци за следната недела во Лондон, кога треба да се сретнат со потенцијални инвеститори и партнери.

Scroll to Top