Top Sport

Црвена звезда победи кај европскиот првак Фенербахче

Кошаркарите на Црвена звезда на теренот на европскиот шампион Фенербахче ја забележаа првата победа во сезоната. Црвено-белите славеа во Истанбул со 86:81, во 3. коло од Евролигата.

Звезда цело време го контролираше натпреварот, во ниту еден момент Фенербахче не поведе. На крајот имаше мала драма, но тимот од Белград успеа да ја одржи предноста во пенал завршницата. Победата на Црвена звезда добива на значај бидејќи тимот го предводеше помошниот тренер Томислав Томовиќ, откако Јанис Сверопулос доби отказ.

Црвена звезда водеше во текот на целиот натпревар, во финишот на првиот дел имаше водство од 16 поени, со двоцифрена разлика влегоа и во последната четвртина, кога се разигра Бонзи Колсон. Тој со четири тројки го врати Фенербахче во мечот.

Кај Звезда, Чима Монеке се истакна со дабл-дабл учинок, односно 20 поени и 12 скока, по што следуваше Тајсон Картер со 15 поени, два скока и три асистенции.

Двоцифрен број на поени имаа и дебитантот во тимот, Донатас Мотиејунас со 13 поени и шест скока, Џордан Нвора со 11 поени и четири скока, и Коди Милер-МекИнтајр со 10 поени, три скока и седум асистенции.

За Фенербахче, Тален Хортон-Такер и Бонзи Колсон постигнаа по 19 поени, додека Микаел Јантунен имаше 15 поени и пет скока.

Резултати:

Олимпијакос-Дубаи 86:67
Барселона-Валенсија 108:102
Баерн-Жалгирис 70:98

Scroll to Top