Фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, е избран за најдобар играч на Премиер лигата за септември, откако во три натпревари постигна пет гола и една асистенција. Ова е негово четврто признание за најдобар играч на месецот во англиското првенство.
„Граѓаните“ во овие три средби забележаа победи над Манчестер јунајтед и Барнли, а ремизираа со Арсенал. Манчестер сити моментно се наоѓа на петтото место на табелата со 13 освоени бодови.
Во категоријата за најдобар тренер, признанието му припадна на менаџерот на Кристал Палас, Оливер Гласнер. Тој го предводеше својот тим до две победи против Вест хем и Ливерпул и реми со Сандерленд, обезбедувајќи силен старт на сезоната.