Селекторот на фудбалската репрезентација на Албанија, Силвињо, истакна дека претстојниот квалификациски натпревар против Србија има посебна тежина и значење за неговиот тим, опишувајќи го како „различен од сите останати“.
„Секој натпревар е важен, но овој е посебен. Пред еден месец игравме против Летонија, и ако тогаш не победевме, овој натпревар немаше да има вакво значење. Не можам да кажам дали ова е најважниот натпревар, но дефинитивно е специфичен. Тоа е убавината на фудбалот – секој меч носи своја енергија“, изјави Силвињо.
Тој додаде дека е свесен за атмосферата и притисокот што ги очекува неговите играчи во Лесковац, но верува дека тимот ќе покаже карактер.
„Ја знаеме атмосферата во Тирана, но очекуваме слична и тука. Верувам во моите играчи и во нивната зрелост. Секој од нив знае што го очекува и е подготвен да одговори на предизвикот. Дојдовме тука по три бодови“, изјави селекторот на Албанија.