Top Sport

Братот на Никола Јокиќ осуден во Америка

Страхиња Јокиќ, постариот брат на НБА ѕвездата Никола Јокиќ, доби условна казна од 12 месеци за напад врз навивач за време на плејоф натпреварот на Денвер Нагетс, објавува американскиот портал „ТМЗ Спортс“.

Пресудата беше изречена во судот во Денвер, откако Страхиња се изјасни за виновен за нелегален влез на теренот и нарушување на јавниот ред и мир, објави обвинителството.

Инцидентот се случи на 22 април 2024 година, на натпреварот помеѓу Нагетс и Лејкерс. снимките забележаа како Страхиња удра човек во лицето веднаш по натпреварот. Според официјалните лица, лицето доживеало потрес на мозокот како резултат на ударот.

Иако првично се изјасни за невин, објаснувајќи дека бранел постаро лице кое било во негова близина, Страхиња подоцна го промени својот исказ.

Судењето започна во август, кога Страхиња Јокиќ се појави во Окружниот суд во Денвер. Тој беше редовен посетител на натпреварите на својот брат пред овој инцидент, но не е познато дали оттогаш присуствувал на натпреварите во „Бол Арената“.

Во меѓувреме, Никола Јокиќ се подготвува за својата 11-та НБА сезона, која започнува на крајот од овој месец.

Scroll to Top