По ремито во Прага против Чешка (0:0), Хрватска е сè уште во одлична ситуација и се приближува до пласман на Светското првенство. На Хрватите им се потребни две победи во преостанатите три натпревари, а првиот треба да го добијат утре против слабиот Гибралтар.
Секако, на овој дуел не се очекува ништо друго освен победа на Хрватска, а капитенот Лука Модриќ тоа на некој начин го најави.
Фудбалерот од средниот ред на Милан верува дека тоа е можност да ги мотивира своите соиграчи, па објави интересна порака на социјалните мрежи.
„Еден чекор поблиску до нашата цел! Пред сè Хрватска!“, напиша Лука Модриќ, кој го одигра својот 191-ви натпревар против Чешка во дресот на Хрватска.
Иако има 40 години, Модриќ сè уште игра фантастично и сите уживаат во неговите настапи, а се чини дека е сè уште гладен за победи, мотивиран како на самиот почеток од кариерата, додека својата енергија им ја пренесува на своите соиграчи поради што Хрватска е на самиот врв на светските фудбалски сили.
о шоу.