Фудбалската репрезентација на Португалија стигна до драматична победа со 1-0 против Ирска во квалификациите за Светското првенство 2026. Голема улога имаше Рубен Невеш од Ал-Хилал, кој постигна победнички гол во 91. минута.
Претходно, Кристијано Роналдо промаши пенал, што ја зголеми тензијата на теренот.
Oh my world Ruben Neves has killed the Irish hopes! Portugal beats Ireland in stoppage time #PORIRE pic.twitter.com/yNov95PeJZ
— The Final Whistle (@Rufus_45) October 11, 2025
Но, најемотивниот момент следеше по голот на Невеш. Камерите го уловија како го слави погодокот, а на неговата нога се гледаше тетоважа со ликот на починатиот Диого Жота, кој трагично загина во јули.
Сцената го трогна целиот стадион и навивачите пред телевизиските екрани. Минути порано, во 21. минута, фановите веќе му оддадоа почит на Жота со бурни аплаузи.