Top Sport

Славеничка победа против Динамо Букурешт: Пелистер прослави 80 години постоење

Фудбалскиот клуб Пелистер на најдобар можен начин го одбележа големиот јубилеј – 80 години од своето постоење. На стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, „зелено-белите“ славеа со 2-0 против реномираниот романски клуб Динамо Букурешт во пријателски натпревар исполнет со одлична атмосфера.

По израмнето прво полувреме, домашниот состав беше поагилен во продолжението и искористи една грешка на гостите. Во 75. минута, дефанзивецот Тоадер несреќно си постигна автогол, со што Пелистер поведе со 1-0.

Во завршните минути, капитенот Александар Ристевски беше прецизен од белата точка и го постави конечниот резултат 2-0, со што беше заверена славеничката победа.

Јубилејот го следеа бројни навивачи, тука беа и популарните „Чкембари“ кои исто така слават 40 години постоењето, имаше богата програма, а Пелистер со оваа победа уште еднаш потсети дека традицијата и љубовта кон фудбалот во Битола живеат и по осум децении.

Scroll to Top