Top Sport

Уште една репрезентација се квалификуваше за Светското првенство

Фудбалската репрезентација на Гана ќе игра на петтото од последните шест Светски првенства.

Избраниците на тренерот Ота Адо ги победија Коморските острови со 1:0 со што го обезбедија првото место во Група И. Гана во пресрет на последното коло има шест бода повеќе од Мадагаскар.

Стрелец на победничкиот гол за „Црните ѕвезди“ на натпреварот одигран во Акра беше Мохамед Кудус од Тотенхем на почетокот на второто полувреме.

Гана со тоа стана петтата африканска репрезентација што се квалификуваше за следното Светско првенство, по Мароко, Тунис, Алжир и Египет.

Гана го постигна својот најголем успех на Светското првенство во Јужна Африка кога играше во четвртфиналето.

Ганците го имаа своето деби на Светското првенство во 2006 година и оттогаш оваа селекција го пропушти само завршниот турнир организиран од Русија во 2018 година.

Пред Гана пласман на Светското првенство покрај организаторите САД, Мексико и Канада обезбедија : Јапонија, Нов Зеланд, Иран, Аргентина, Узбекистан, Јужна Кореја, Јордан, Австралија, Бразил, Еквадор, Уругвај, Колумбија, Парагвај, Мароко, Тунис, Египет, Алжир.

Scroll to Top