Top Sport

Алкасер: Подобро е да те боли заб, отколку да играш против Атлетико

Пако Алкасер, играчот на Борусија Дортмунд, на интересен и оригинален начин го најави утрешниот меч на неговиот тим со Атлетико Мадрид, во Лигата на шампионите.

Шпанецот, се уште е играч на Барселона, а откако непосредно пред почетокот на сезоната притстигна во Дортмунд, започна да игра во животна форма. По осум кола тој заедно с Србинот Лука Јовиќ е најдобар стрелец во Будес лигата.

Алкасер добро го познава стилот на игра што го негува Атлетико под Чоло Симеоне и поради тоа очекува многу тежок натпревар.

„Да се игра против Атлетико е полошо отклуку да ве боли заб. Многу е тешко да се игра против нив, не ви остваат простор и точно знаат што ќе направите на теренот. Особено им е тешко на напаѓачите да играат против нивната одбрана. Многу внимание посветуваат на подготвоката на натпреварот, темелно анализираат и секогаш ќе најдат начин да ве задржат“, рекол Алкасер и дополнил.

„Ние мора да се фокусираме на нашата игра, да одиграме максимално добро. Ова ќе биде голем тест за нас, тест во кој можеме да видиме каде сме во однос на Атлетико“.

Борусија и Атлетикот ќе играат утре во Дортмунд од 21 часот.

Scroll to Top