Top Sport

Икарди: Меси нема да игра, Интер може да победа над Барса

Мауро Икарди во пресрет на натпреварот што неговиот тим ќе го одигра во Барселона, во Лигата на шампионите, рекол дека ќе ги разгледа сите понуди што ќе стигнат од заинтересираните клубови, не заборавајќи да повтори дека е среќен во Интер.

Икарди е под договор до Интер, меѓутоа во неговиот договор постои откупна клаузула од 110 милиони евра. Медиумите шпекулираат дека сериозен интерес за него покажуваат од Реал Мадрид.

„Има многу гласини. Кога ќе пристигнат понудите ќе ги разгледам, но јас сум среќен во Интер“, им изјавил Икарди на италијанските новинари.

Интер, в среда, ќе гостува во Барселона, каде што Аргентинецот мина дел од кариерата во младинските категории.

„Штета што Меси неможе да игра. Секогаш е добро да играте против сјајни играчи, а тој е најдобар во светот. Знаеме дека тоа голем хендикеп за нив, а ние можеме да ги победиме. Имаме квалитет за нашто такво“, рекол Икарди.

Напаѓачот на Интер, во неделата, го реши дербито против Милан, во последната минута од натпреварот.

Scroll to Top