Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) објави дека од сезоната 2027/28 ќе воведе дополнителна новина во календарот на Лигата на шампионите. Сезоната ќе започне со домашен натпревар на бранителот на титулата во посебен термин.
Средбата шампуионот ќе се игра во вторник, додека сите други натпревари од 1. коло ќе се играат во среда и четврток.
УЕФА сака на овој начин да му даде посебено медиумско внимание, како што е случајот во американската професионална лига на американски фудбал, НФЛ, која со години започнува со домашен натпревар на бранителите на титулата во четврток, односно три дена пред да се играат другите натпревари од 1. коло.
Во позадина на оваа одлука е можноста за дополнителни приходи од продажбата на телевизиските права за следниот тригодишен период, кој ќе започне токму со сезоната 2027/28, кога дел од натпреварите би можеле да се префрлат на канали како DAZN, Netflix или Disney.