Top Sport

(Видео) Еден корнер доволен за триумф на Арсенал кај Фулам

Фудбалерите на Арсенал го победија Фулам во малото лондонско дерби со 1:0 и повторно го зазедоа врвот на табелата.

Стрелец на единствениот гол на теренот покрај Темза беше Леандро Тросар, кој во 58-та минута во метежот се снајде најдобро, по еден корнер и го пронајде патот до мрежата.

Тоа беше момент на одлука во натпревар кој беше претежно „еднонасочна улица“, и дури и тогаш можеше да се почувствува дека токму овој гол ќе направи разлика.

Играчите на Фулам не упатија ниту еден удар кон голот на гостите. Патем, ова е прв пат од ноември 2003 година ривалот на Арсенал да нема ниту еден удар во голот.

Премиер лига, 8. коло

Сабота:

Нотингем Форест – Челзи 0:3 (0:0)
(Ачиампонг 49, Нето 52, Џејмс 84)

Брајтон – Њукасл 2:1 (1:0)
(Велбек 41, 84 – Волтемаде 76)

Бернли – Лидс 2:0 (1:0)
(Угочукву 18, Чауна 68)

Кристал Палас – Борнмут 3:3 (0:2)
(Матета 64, 69, 90+7.п – Крупи 7, 38, Кристи 89)

Манчестер Сити – Евертон 2:0 (0:0)
(Халанд 58, 63)

Сандерленд – Вулверхемптон 1:0 (1:0)
(Мукиеле 16)

Фулам – Арсенал 0:1 (0:0)
Тросар 58

Недела:

15.00 Тотенхем – Астон Вила
17.30 Ливерпул – Манчестер Јунајтед

Понеделник:

21.00 Вест Хем – Брентфорд

Scroll to Top